13.7.16

Граѓанска партија - надпартија 3

Го пишувам текстов како одговор на колумната на Бранимир Јовановиќ -
http://prizma.birn.eu.com/%D0%BC%D0%BA/%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%B3/650-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0
во која тој им се обраќа на досега неосвестените (заспани, како што вика тој) граѓани во однос на намерата на актуелната власт да се задолжи за 650000000 евра со еврообврзница:

Во ред, не смееме да останеме неми. Но, како што и самиот кажувате - петиции и протести нема да ја натераат владејачката гарнитура да си ги смени плановите. Освен тоа протестите се омлитавени, а со агресијата врз градби, камења и споменици станаа контрапродуктивни и вандалски. Власта е глува на таквите протести, потребни се нови идеи и методи.

Мислам дека овој узурпаторски и клиентилистички режим може да биде победен победи само со фронтална борба или со победа на избори; и знаејќи дека никој од нас не сака широк меѓуграѓански судир, ни останува опцијата да го победиме режимот на избори спроведени под негова диригентска палка.

На таквите избори опозицијата треба да учествува монолитно, дури и како единствен политички субјект - надпартија, чија функција и цел на дејствување ќе биде однапред прецизно дефинирана.

Значи идејата ми е ваква:

1. Составување на граѓански парламент на ниво на здружение на граѓани поддржано од опозициските политички субјекти и граѓанскиот сектор;

2. Дефиниране на единствен политички субјект чија намена ќе биде да се спротивстави на клиентилизмот на ВМРО ДПМНЕ на избори;

3. Учество на политичкиот субјект - надпартија на избори и добивање мнозинство во Собранието;

4. Преку Собранието враќање на државата кон Уставните норми; департизација на системот; ослободување на институциите; раздвојување на властите

5. Создавање на услови за демократски избори на кои сите политички субјекти кои учествуваа во создавањето на наменската надпартија ќе учествуваат самостојно затоа што постоењето на надпартијата ќе престане да постои со распишувањето на изборите (нешто што ќе биде предвидено со самото нејзино формирање).

Како звучи? Идеалистички? Утопистички?

Можеби.

Но барем нуди активен алгоритам за враќање на правната држава, наспроти пасивноста и ќорсокакот во кој западна целата опозиција, заедно со Протестирам.

Сум пишувал за идејава и тука:


и

1 comment:

  1. Сите насоки се добри, имаат цел да се собори власта и поправи растуреното во системот. Оваа цел, иако е јасна, нема сила да ги собере прогресивните сили на едно место, како доволна сила за спротивставување. Еве зошто, досегашните искуства од владеењето на сите што се биле на власт, власта ја злоупотребиле, што е сомнеж дека денешните што би дожле ќе бидат исклучок. Значи фали некое докажување дека новата власт ќе биде исклучок. За да се биде исклучок, потребно е да се понуди идеологија за тоа што ќе направи новата власт по нејзиното доагање. Таа идеологија треба да биде силата на здружувањето. Која е таа идеологија, сите ја знаеме, тоа е да се овозможи развој и вработувања и богат живот. Тоа може да се постигне само во колку се свати дека треба да се направат промени во системот. Промените се исправање грешката во врска со присвојувањето на крајниот резултат од работата, профит и загуба и промена на сите закони кои ја кочат работата. Мора да му се каже на народот дека без овие промени, нема иднина, се повеќе ќе се влошуваат ситуациите, а не да се верува дека некоја нова власт ќе биде подобра и ќе ги реши проблемите. Тоа е чиста лажа, затоа народе свестете се и прифатете здружување за остварување на таквата цел, покрај промената на власта и средувањето на институциите.

    ReplyDelete